Импресии од Токио

Изгубена во преводот

Причината број десет е што ќе го видите животот во вселената. На девето место ќе го ставиме метрото и тоалетите. Има многу повеќе од десет за набројување. Но тоа што ќе се најде на врвот на сите ваши зошто, без разлика на вашата појдовна точка, ќе биде нешто невидливо. Ќе биде нивниот пристап кон малите и големите работи. Ќе биде нивниот модус вивенди кој ќе ве запрепасти. Ќе Биде чувството на колективност кое ќе ве засрами.  Еве зашто човек треба барем еднаш во живот да ја види Јапонија.

Нема да биде слично на вашата фантазија ниту пак ќе личи на нешто што се виделе. Токио на почеток на април, во најголемиот ек на ханамито- во превод набљудување на цвеќињата, жаргонски уживање во цутот на црешовите дрвја, е секому топло  препорачливо зашто математички или практично, невозможно е да не ти се допадне.

Не постои ништо што ќе ви изгледа дека штрчи. Нема ништо престаро, ниту има урнатини. Просечен живот на една зграда во Токио е 25 години. Поминала модата, се руши и се гради нова, помодерна и поубава и најубавото е што во сè ова, во ниеден момент не можеш да се загушиш. Видикот е многу често широко отворен, просторот оди во недоглед. Ти си се движиш без брзање и нема никакви шанси дека ќе се судриш со некого. Си има правила за сè: на подвижни скали се стои од лево, за кој брза да те премине од десно. Во метро, правилото е предност на излез, а за да те потсетат, насекаде има знак: НЕ БРЗАЈ.

Каде и да влезеш си најдобредојден. Благ наклон и насмевка, добредојде на јапонски. И не е никаква наметната љубезност позната за југоисточниот дел на Азија. Не е љубезност за да им оставиш бакшиш или да им купиш, туку од почит дека си се погодил баш таму.

И кога ќе помислиш дека не е можно да стигнале до таму, ќе видиш дека за све си има професија: собирач на ситни случајно паднати отпадоци, туркач на луѓе во метро, или помагач кој ти дава инструкции како да купиш карта за воз.

Не постојат начини да му избегаш на системот ниту да го зезнеш. Сè е онаму каде што треба и се функционира до главоболка. Нема сообраќаен метеж И нема никаква бучава.

Ако мислите дека со храната не би се снашле, се лажете. Нема толку многу суши како што сте замислувале а ако сакате да го јадете најдоброто, треба да станете рано наутро и да јадете на рибниот пазар.

Брои 50.000 вработени и е местото каде што се одлучува цената на орадата во Хрватска и шкампите во Аргентина. Бараките наоколу се тотално неписмени. Јадеш извршно суши, чиниите се измиени рачно а единствен начин на плаќање е кеш.
Кока кола?
Нема. Само зелен чај или локално пиво.
Сè ова на два чекори од најексклузивниот дел на Токио, улицата Гинза која може да ги учи мода и дизајн и Виа Монтенаполеоне, Петата Авенија и Шанзелизе.

Шибуја е младото и модерно Токио. Штом слезете, може да го поздравите Хаичико, и да се втурнете помеѓу светла и музика, врвулица од луѓе и конечно да ја преминете најзафатената раскрсница на светот. Нема да бидете попаметни ама ќе бидете повесели.  Ќе видите све и свашта: луѓе облечени како ликови од манга (јапонски стрипови), жени облечени ултра модерно, портокалови коси, парови облечени во традиционална јапонска облека, елегантни бизнисмени и млад народ тотално слободен да биде што сака во своето слободно време. И ништо од ова нема да ве запрепасти зашто целината е прекрасна и неповторлива.


Да ги скокнеме ве-це шољите со музика, вграден туш и дезинфекција. Да ги скокнеме ексклузивните ресторани каде едно парче месо од Кобе ( за да го добијат ова месо, на кравите во текот на летото им даваат пиво наместо вода и секојдневно ги масираат) чини петстотини евра. Да ги скокнеме работилниците за кимоно, стокатниците, возовите кои поминуваат низ згради, манијакално  средените зелени површини и ексклузивните продавници и да стигнеме до невидливото. 

До цивилизацијата, до почитта кон себе и останатиот свет и до огромното чувство за колективност.
Додека ние имаме места политички обоени, се делиме во групи и подгрупи, додека си го чуваме своето и плукање по туѓото, најголемата преокупација на болен Јапонец е да не ги разболи останатите луѓе во метрото. Сите со маски, мислиш епидемија. А тие всушност само настанати и загрижени и тебе да не те префати. А статистиката дека пак ќе се видите во четириесет милионски град, сами најдете ја.

Не постои нешто што не е направено со максимална посветеност и с€о невидена грижа: материјалното е видливо и непорекливо, а духовната свест е на ниво кое нам ни е далечно и недофатно. Хармонијата од надворешниот свет е лесно пренесена во нивното однесување, на начинот кој се движат ти на кој одат и на начинот на кој зборат и негестикулираат. Ритмичноста е едноставноста на живеењето во најмодерниот град е како реченица од Мураками.

Тогаш неизбежно ќе се прашуваш дали моделот може да се аплицира и да се научи? Дали може да се напише прирачник за колективност и дали системот може да се преуреди? До каде сме ние самите и од каде сме дел само последица од местото кај што се сме се родиле. До каде сме ние и од каде сме само склоп на околности и структури  независни од нас? 

А кога ќе допреш со раце нешто што функционира тотално различно, дијаметрално спротивно од она што тебе те учеле и од начинот на кој те растеле, неминовно сакаш да му се отвориш на светот кој не е ист како твојот си се прашуваш каква форма ќе земеш, истиот ти, роден во осумдесеттите години во Јапонија? 

Емили, Италија

еmabela@уаhoo.com

 

21 април 2014 - 16:10