Да не ви ја опишуваме брошурата на Блумберг, најубаво е сами да ја видите - ТУКА
И покрај импозантноста на сработеното, не сите се одушевени. Во продолжеток, една од омилените мрчаторки на Њујорк, Френ Лебовиц и нејзниото гледање на ерата на Блумберг.
"Една од наjлошите работи во врска со Мајкл Блумберг е што човекот е толку богат што не мора да му е гајле за она што тој го нарекува "посебни интересни групи", a кои јас би ги нарекла, знаете, "граѓани".
Не мислам дека учителите во јавните училишта се посебни интересни групи. Не мислам дека полицајците се посебни интересни групи. Милијардерите се посебни интересни групи.
Тој себе се смета за градоначалник на јавното здравје. Колку болници се затворија под Блумберг? Болници - тоа е јавно здравство. Пушење, газирани пијачки, сол? Тоа е приватно здравје. Не сум чула до сега некој да рече: "Дали ти се допаѓа Њујорк? Не, малку е пресолен".
Кога го објави она со газираните пијалоци, некој ми покажа колкава амабалажа нема дa биде дозволена. Не ни знаев дека такви постојат. Мојот прв апартман беше помал од тоа шише. Мислам дека во затворот Абу Граиб те тераат да пиеш толку газиран сок. Ама тоа што е тоа луда доза газирано, не значи дека треба да биде забранета со закон.
Исто така, тој бил "зелен градоначалник". Зелен градоначалник кој патува со приватен авион. А ништо не загадува како авионското гориво. Едно негово мало патување за викенд со приватниот авион е рамна на сите цигари заедно испушени во историјата на Њујорк.
Не знам колку велосипеди има надвор, мене ми изгледаат како 80 милиони. Не сакам да гледам 80 милиони реклами за Ситибанк. Кога ги воведе, Блумберг изјави: "Нели е тоа фино од Ситибанк? Тие ни даваат велосипеди". Стварно? Јас ќе речам вака: "Пoпорво би сакала Ситибанк да ни ги врати парите а потоа јас ним ќе им купам точак. А може и скејтборд, ако се стварно добри".
Пречекорувањата на надлежностите во некои други земји се нарекува пуч. Ние двапати гласаме за воспоставување на надлежностите и тој двапати ги пречекорува. Го гледав на прес конференција, за оружјето, и вика: "Јас верувам во демократијата". Не, не веруваш. Ти веруваш во демократијата колку што верува и Путин".