Таг: градоначалник

Градоначалник во блиска средба со одговорност

Деновиве 11 луѓе се уапсени по обвинение дека политичката одговорност на нивниот локален градоначалник ја претвориле во физичка одговорност. Луѓето имале проблем со неисполнети ветувања на градоначалникот.

Кога Кинези ќе фатат бомбона бизнис

Во подрум на поранешен кинески градоначалник откриени 13,5 тони злато. Тоа што нас нè интересира е: од каде знаеме дека не биле 13,6 тони, на пример?

Клето Турче

Тргнувајќи од непобедливото мото „Лулашките тоа сум јас“ турски градоначалник во оставка реши да го откорне детското игралиште што ги поставил додека бил на власт.

Таткото на Компани стана прв црномурен градоначалник во Белгија

Пјер Компани е нов градоначалник на бриселската општина Гансхорен. Таткото на капитенот на Белгија и Манчестер Сити на локалните избори бил кандидат на Хуманистичкиот демократски центар а на изборите победил со освоени 39% од вкупниот број гласови. Пјер воедно стана и првиот црномурен градоначалник во историјата на Белгија. Пред неколку години син му стана првиот црномурен лидер на фудбалската репрезентација.

Каха Каладзе стана градоначалник на Тбилиси

Легендарниот Грузиец кој долги години играше за Милан е избран за прв татко на главниот град на Грузија. За него гласале 51% од гласачите а Каха веќе беше во политиката во неколку ресори.

Запознајте го идниот градоначалник од минатото

Денес ова би се викало „фејк њуз“ или „кромид“. Но во 1989, сè уште бивша Југославија, не било очигледна зафрканција кога во весник, кој се викал ни помалку ни повеќе туку „Комунист“, некој ќе објавел манифест со кој се кандидира за градоначалник на Скопје. 

Градоначалничката која после работа облекува копачки

Откако ја прочитавме приказната за девојкава, прво што сакавме да направиме е паралела, за тоа кој би можел во иста ваква улога да биде кај нас и ни текна на Беличанец како игра за Цементарница 55.

Не еден ден, туку 21 година на жалоста

Не се споија во саботата небото и земјата. Не се отвори небото над Скопска Црна Гора.

Се спои расипништвото со реалноста. Гласот на граѓанинот со Коце. Со Тони. Со Ајвази. Сите тие се споија пред телевизија, а ние се споивме со полудената природа која реши да се пресмета со нас за целата наша сервилност.

Како цел Сан Антонио го славеше Денот на Тим Данкан

Вака големо уважување кон еден играч во НБА ретко кој град имал како што тоа го манифестираше Сан Антонио вчера, официјално на Денот на Тим Данкан. И старо и младо му изрази благодарност за се што направи во црно-белиот дрес 21.

Грмеше во Верона за Лука Тони

„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.

Бланко стана градоначалник со CV од Википедија

Се сеќавате ли на Бланко Куаутемок? Единствениот Мексиканец со награда од ФИФА кој прескокна двајца играчи со топка и кој му се кезеше на судијата во фаца.

Политичар со чувство за непожелност

Британски градоначалник си поднел оставка откако нему и на партнерката им било забрането да влегуваат во сите пабови во градот што го избрал за градоначалник.

Отчетот на Блумберг

Мајкл Рубенс Блумберг е градоначалник на Њујорк веќе 12 години. Од неговиот допадлив отчет (во техничка смисла, бидејќи на нашиве градоначалници последен крик им е брошурка), издвојуваме само две бројки: 40.000 (!) нови градби и 724 километри (!) нови велосипедски патеки.

Гугенхајм

Жал ми е да признам, ама ствари сас градоначалници на светско ниво стоив малце другачије. Њини успеси док им трае мандат версус неуспеси на наши градски шерифи су туј негде. Колко они направив, толко овија наши упропастив. Асфалтирани улице и крпење дупке четири године, јоктур башка чаршија, не признавам. И ми плаќамо данак на државу која двои паре за децентрализацију, и нас не градски власти дерев за све нешто, ама зашто градоначалник на Билбао у Шпанију да успее од упропастен индустриски град да направи метрополу, а овија наши да не су кадар два тротоара да склепав, ни он'ј горе на небо не знае да каже.

Имаме ли и ние Џокеј за трка?

На локалните избори во март ќе видиме дали некоја наша партија ќе биде доволно луда да ни понуди ваков кандидат а ние доволно глупи да го голтнеме. Во Србија поминал.

Градоначалникот да виси

Иако Лондон трпи сериозни критики дека не се снаоѓа најдобро со Олимпијадата, неговиот градоначалник реши дека има доволно време да прави мајмун од себе.

O-да-да на Олимпијадата

Градоначалникот на Лондон на специјалното отварање за Меѓународниот олимписки комитет, кое ќе се случи денес (понеделник) вечер, ќе рецитира. И тоа двојазично - на англиски и на старогрчки.

Италијанецот што случајно стана градоначалник

Новиот градоначалник на едно планинско гратче на северот на Италија ја доби функцијата без воопшто да ја сака и без никој близок да гласа за него.