Кандидатот на Српската Напредна Странка Ѓорѓе Радиновиќ наречен Џокеј стана прв човек на општината Стара Пазова ветувајќи борба против лоповлукот, разбојништвото и корупцијата.
Поими со кои одблиску се занимава неколку децении.
Таквата кариера започнува на 13. ноевмри 1984 година кога Радиновиќ е осуден на затвор од една година заради сторено кривично дело тешка кражба. Само две години потоа заради слично дело е осуден на 5 месеци.
12 години подоцна е осуден парично за недозволена трговија. Истата 1998-ма година добива казна затвор од 4 месеци за фалсификување исправа.
Една година потоа, осуден е на затвор од 6 месеци за тешко дело против безбедност во сообраќајот.
А потоа во кариерата на Радиновиќ следи пауза до 26 март 2008-ма. Тогаш при претрес на домот му се одземени: камион - цистерна, цистерна, пумпа марка Хонда, црева за пумпа и мобилен телефон. Приведен е и сослушан а по спроведената истрага подигнато е обвинение за криумчарење. Судската постапка е во тек.
Пред успешно да влезе во политичките води на локалните избори, ја крунисува својата богата но аматерска кариера во судот во Сремска Митровица каде е осуден на 3 месеци затвор заради насилничко однесување на спортски настан.