Вејн Ронејн, градоначалник на Госпорт, е избркан од 36 пабови во неговата област. Поранешниот офицер на кралската морнарица, на позицијата градоначалник издржал само 40 денови.
Сè почнало по една пијанка на 4-ти јули, кога Ронејн и партнерката Пола Картер, со полиција биле изнесени од еден паб. Тој добил забрана од 6 месеци за влегување во пабот, а Картер добила забрана од 12 месеци.
По ова на парот му бил забранет влез во уште два паба во градот, откако партнерката на градоначалникот на пијано им се заканила на сопствениците дека ќе ги затвори локалите.
Сопствениците на баровите објаснуваат дека без разлика кој влегува во кафаната сите се еднакво третирани и сите треба со почит да се однесуваат кон објектот и персоналот.
Градската опозиција ја поздравува одлуката, порачувајќи дека тој требал од пред еден месец да ја даде оставката.