"Дали е тoа птица?"
"Не, кловн е!"
Ова е дел од сеирот кој му го гледаа насобраните граѓани на својот градоначалник Борис Џонсон додека се спушташе по сајла во Виктори паркот, мафтајќи со две знаменца ,неодоливо потсетувајќи на ликот Баз Лајтиер од цртаните филмови.
Ваквата непотребна акробација била дела од приредбата за привлекување луѓе во наведениот парк каде што на големи екрани се пренесуваат олимписките случувања а луѓето можат и сами да се пробаат во некоја спортска дисциплина.
Точката на Борис привлекла едвај неколку десетици луѓе а згора на се, градоначалникот заглавил на неколку метри од земјата , висел не баш најелегантно и викал да му донесат скала да се симне.