Грмеше во Верона за Лука Тони

„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.

9 мај 2016 - 09:19