„Ајше и Даут“, „Мариска засекогаш, Миклош“. „Јас и ти“. На ѕидот во близина на таканаречената „Куќа на Јулија“ одамна му е потребно тазе Select All+Delete за да ги собере пораките на заљубените. Тие можеби не се свесни за логиката на ваквата магиска постапка, дека идентификувањето со (фиктивните) Ромео и Јулија можеби и не е најсреќниот план за нивната врска. Но во Верона смртта делува романтично, како Into My Arms на летен дожд среде древна арена.