Верона поведе во Торино со 0-1 преку Андреа Фавили и беше на половина час од сензација, ама Дејан Кулушевски во 77' минута со убав гол во стил на Меси спречи бламажа и израмни на 1-1. Во секој случај уште една бледа партија на шампионот кој веќе подолго време е без Кристијано Роналдо.