Во неделата играа Верона - Џенова (2:1), но почетокот на мечот доцнел цели 15-16 минути поради тоа што работниците ептен ги утнале линиите пред едниот гол.
Кривата линија прво ја забележал главниот судија кога отишол во набљудување на головите и теренот пред стартот. Тогаш работниците морале одново да ја мерат и исправуваат линијата. Поради ова мечот почнал 15 минути подоцна зошто во епоха на ВАР секој сантиметар е многу важен.
За точноста и прецизноста се погрижи една врвка:
Но на крајот за жал работниците не исцртале идеални линии. Еве како изгледаше петерецот во голманскиот простор. Во овој момент Верона го постигна победничкиот гол:
Пред три сезони вакво нешто се случи и во МЛС: пред мечот Монтреал - Торонто судијата видел криви линии па брзо редарите и работниците се фатиле за работа. Прво со зелен спреј ги покривале старите линии а потоа цртале нови. Поради ова мечот каснел цели 32 минути:
Not something you see every day - match delayed because penalty box was painted too narrow. #MTLVTOR pic.twitter.com/tbY8158zob
— ESPN FC (@ESPNFC) November 23, 2016