Џенаро Гатузо во улога на тренер во Милан дојде во мај 2017. година. Потпиша двегодишен договор според кој бил должен да работи со младинската екипа (U19). Платата договорена тогаш изнесувала 10.000 евра месечно или вкупно 120.000 евра годишно.
Во ноември 2017-та Милан го отпушти Винченцо Монтела поради слаби резултати и управата побарала од Гатузо да го преземе првиот тим и клупата на Монтела кој замина во Севиља. Финансиските услови на договорот не биле корегирани.
После неколку месеци во Италија соопштија дека Милан би можел да го отпушти и Џенаро зошто Милан со него не победи на ниту еден меч од пет во Серија А.
Набрзо Гатузо колку-толку ја опорави екипата (играчите се жалат дека душа им вадел на тренинзи) и Милан врза неколку добри резултати.
Гатузо е најслабо платениот тренер во Серија А. На пример Фабио Пекија од Верона заработува два пати повеќе - 250.000 евра годишно. Колку за споредба, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри зема 7 милиони годишно, пари за кои Гатузо со актуелната плата би морал да работи цели 60 години.
Неофицијално, тренерот на Вардар Чедомир Јаневски заработува околу 8.000 евра месечно а стратегот на првопласираната Шкендија Ќатип Османи нешто помалку од 5.000 евра.
По серијата од 4 победи на 5 меча клубот размислува за нов договор за Гатузо кој би добил 2 нови години но уште ништо не е разговарано на темата. Извесно е дека во проектот за нов Милан треба и големо тренерско име кое ќе одговори на предизвиците на славниот клуб.