На вечното градско дерби, Курва Норд (Северна трибина) крена кореографија на која беше претставен мозаик од ремек делото „Создавањето на Адам“ од Сикстинска капела.
Орелот е симбол на Лацио, а пред секој домашен натпревар преку теренот лета Олимпија, американска белоглава орлица.
Интересно, оваа горда птица го следи клубот од неговото основање. Според легендата, основачот на Лацио Луиџи Биаџарели во 1900 година го ставил орелот на грбот на клубот како наследство од античките времиња: во Стар Рим орелот бил симбол на најхрабрите легии. Според друга верзија, орелот на грбот на Лацио се нашол во чест на Зевс.
Во својата долга историја Лацио сменил 18 амблеби, а орелот бил на дури 14 од нив. На првиот и на сите останати од 1960-та година па наваму.
Годинава клубот прослави 120 години постоење.
После само две недели направија нова кореографија. На почетокот од мечот со Верона (0:0) на стадионот „Олимпико“ домаќините ги исклучија рефлекторите за неколку минути и на навивачката трибина се појави симболот на клубот - орелот.