Стадионот „Олимпико“ во Рим беше преполн. Очекувано, поради тоа што Рома номинално беше домаќин, доминираа нивните навивачи. А крцаше и северната страна, каде грмеа тифозите на Лацио.
Дербито заврши 1:1 а головите на Един Џеко во 26’ и Франческо Ачерби во 34’ минута паднаа по големи грешки на двајцата голмани Томас Стракоша и Пау Лопез.
Curva Sud демонстрираше прекрасна кореографија со амблемот на клубот, римската волчица и пропратна парола: Овој грб го носам во вените, овој грб ми припаѓа (Questo stemma ho nelle vene, questo stemma mi appartiene)
И секако многу барјаци, шалови и жолто-црвени дресови
Од спротивната страна, трибината на Лацио извади фантастична кореографија со приказ на ремек делото на Микеланџело -„Создавањето на Адам“, една од деветте сцени на Систинската капела
На паролата во склад со кореографијата пишуваше La Lazio non proviene da.... La Lazio e' (Лацио не припаѓа од.... Лацио е) - цитат од фашистичкиот генерал Вакаро (постојат тврдења дека тој го спасил Лацио да не се соедини со Рома на крајот од ХХ-от век)
🦅 COME ON YOU EAGLES! #RomaLazio pic.twitter.com/xhhGxAKDCI
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) January 26, 2020
Фотографии: Gettyimages.ru/Paolo Bruno; REUTERS/Guglielmo Mangiapane, Jennifer Lorenzini; globallookpress.com/Renato Olimpio/Keystone Press Agency