Една од главните причини за бескрајните и јалови политички дебати е тоа што мозокот едноставно ги одбегнува фактите кои не му одговараат. Нашата информативна љубопитност најчесто се сведува на трагање по информации кои ќе ја потврдат нашата убеденост и верба во нешто.
Мозокот е програмиран да конструира робусен модел за тоа како светот функционира а потоа главно се занимава со фино штелување на таквиот модел. Комплетната деконструкција на таквиот наш свет би ангажирала премногу напор; ние не сме дизајнирани бескрајно да се преиспитуваме себе си.
Студија на магазинот Political Behaviour ги потврдува ваквите тези: на нивните испитаници им биле давани вести во кои биле вметнати лажни податоци. Начинот на кој тие вести биле прочитани првенствено зависел од политичките определби на читателот. Лажните факти не само што не ги поколебале туку уште повеќе ги зајакнале нивните претходни погледи.
Фактите, едноставно, само ги прават работите бетер.
А што, нели е крал?