Откако ќе се формираат, впечатоците се неверојатно отпорни (на менување), се тврди во заклучоците од една студија од 1975. Во друга, пет години подоцна, се заклучува дека "дури и откако доказите за нивните верувања се комплетно отфрлени, луѓето пак не успеваат да направат соодветни ревизии на овие верувања". Од тогаш истото го имаат потврдено уште илјадници експерименти и студии (што е малку самопророчки), она што ги буни сите е "Како сме станале вакви?"