13 чудни фудбалски факти

Кои екипи имале најголема посетеност на Олд Трафорд? Кој е првиот англиски клуб кој излегол во Европа? Кој има 4 од 4 против Барса и која е единствената земја со два града со вкупно четири екипи во полуфинале од ЛШ?

Кој фудбалер влезе во изборот на 23-ца кандидати за Златна топка годинава и не доби глас од брат му? Одговорот е Пол Погба. Брат му Флорентин Погба е капитен на Гвинеја, а гласовите им ги даде на Меси, Роналдо и Нејмар.

Одиме со уште 13 чудни или неочекувани факти од фудбалот.

1. Најдолго име на фудбалски клуб е?

-Nooit opgeven altijd doorgan, Aangenaam door vermaak en nuttig door ontspanning, Combinatie Breda или попознат како НАЦ Бреда од Холандија.

2. Норич заврши трет во Премиер лигата во сезоната 1992/1993, но со гол разлика -4 по 42 средби.

3. Барселона освои само една титула во Ла Лига меѓу 1960-та и 1985-та.

4. Шкотска има два града (Глазгов и Данди) кои имаат по две екипи кои успеале да стигнат до барем едно полуфинале во Лига на шампиони и тоа е повеќе од било која друга европска земја.

5. Роби Кин е најдобар стрелец за репрезентација во светот меѓу активните фудбалери. Тој има постигнато 67 голови на 143 меча за Република Ирска.

6. Додека беше директор на Бирминген Сити, Карен Бреди го продаде својот дечко Пол Пескисолидо во Стоук за 400.000 фунти во 1994 година. Една година подоцна се венчаа.

7. Најголемата посетеност на Олд Трафорд е 76.962 гледачи. Се работи за полуфинале од ФА куп меѓу Волвс и Гримсбај Таун одиграно во март 1939-та.

8.  Најголема посетеност на домашен терен, Манчестер Јунајтед имал на стадионот Меин Роуд во јануари 1948 година против Арсенал, додека Олд Трафорд се реновирал.

9. Бирминген е првиот англиски клуб кој заиграл во Европа, на Inter-Cities Fairs Cup на 15 мај 1956 година и прв кој стигнал до европско финале во 1960-та.

10. St. Johnstone е единствениот професионален тим од Британија со Ј во името.

11. Данди Јунајтед има 100% учинок против Барселона. Шкотланѓаните победиле на сите четири меча против Каталонците.

1966/1967 Inter-Cities Fairs Cup:

1 коло: Барселона – Данди Јунајтед 1:2

2.коло: Данди Јунајтед – Барселона 2:0

1986/1987 Куп УЕФА:

1 коло: Данди Јунајтед – Барселона 1:0

2 коло: Барселона – Данди Јунајтед 1:2

12. Саутенд Јунајтед имаа 100% учинок во дуелите со Манчестер Јунајтед.

13. Џермејн Пенант е единствениот Англичанец кој играл во финале на ЛШ (за Ливерпул против Милан) и кој нема никогаш заиграно за Англија.

14 јануари 2016 - 20:30