Таг: Боливија

Евтина финта друже, тешка за верување

Во 39-та минута од мечот меѓу Чиле и Боливија имаше специфична и ретко видена ситуација на која коментаторите се смееја. Гостинскиот голман Карлос Лампе само што прими топка, легна на земја и крена рака, како знак дека се повредил. Но Едуардо Варгас ја собра топката и го израмни резултатот. За волја на вистината, Лампе навистина не лажел, бидејќи потоа го извадија од игра, а неговите по само неколку минути постигнаа гол и славеа 1:2.

Снајперистот на неделата доаѓа од Боливија

Боливија за еден гол синоќа беше поефикасна од Аргентина. Го наполни голот на Венецуела со 4 парчиња. Првиот во 13-та минута е за издвојување и е дефинитивно една од најјаките бомби кои ќе ги видите месецов. Мајсторот се вика Рамиро Вака.

Кога лоша асистенција ќе се претвори во атрактивен гол

Боливија и сè е можно. Се обиде да ја подаде убаво и да ја измами одбраната, а на крај појма нема и самиот што изведе. Се чудеше и како да не му беше јасно.

Боливиски анти фер плеј при изведување пенал

Чудни фудбалски ликови ни се појавуваат утрово на интернет. Голман во индонезиската лига смета дека може да брани со раце на цел терен, а пак во прволигашкиот фудбал во Боливија некои мислат дека можат да им прават друштво на пеналџиите. Бесрамниот потег му успеа во продолженијата и неговиот тим успеа да стигне до бод.

Роналд Куман од Боливија

Мундијалски квалификации синоќа се играа и во Јужна Америка каде Бразил и Аргентина славеа на гости, а Боловија освои бод против Колумбија со јако голчиште, дело на Фернандо Сауседо.

Играш фудбал и ти влетува непоканет напаѓач

Непријатната сцена се случува на локален фудбалски натпревар во Боливија, а инаку се работи за мало торнадо кое за среќа не повреди никого.

Фудбалер од Боливија вдоми куче кое влета на терен

Пишувавме за симпатичното куче кое на 3-4 минути прекина меч од првата лига Апертура во Боливија. Сега тоа куче скитник си пронајде дом и нов пријател.

Шарко не лае на домашни на фудбалски меч

На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.

Во Боливија се качувале на планина за со двоглед да го гледаат Меси

Гостување во Боливија е необично искуство низ кое поминува секоја репрезентација во Јужно-американските квалификации за Светско првенство. Стадион на највисока надморска висина на свет, играчите пред мечот се спремаат со кислородни боци.

Закачката на Меси во Боливија, настана голема гужва

Аргентина после пресврт едвај успеа да победи 1-2 на тешкото гостување во Ла Паз (3.640 м/ндвм). Боливија поведе 1-0 со голот на капитенот Мартинс Морено во 24’ минута, а Лаутаро Мартинез израмни на истекиот на првиот дел во 45’ минута. Во второ Жоакин Кореа ги постави конечните 1-2.

Ние се буниме за 15-то место, а Боливија сте ја прашале како и е

Додуше веќе и се оладивме и гледаме како оној “македонски“ дел во таборот на Червар ита напред кон медал. А пуста Боливија не може да се загрее во својата група и има дадено 17 гола, ама на три меча.

Убиствата мора да престанат

Долгогодишниот претседател на Боливија предвремено го заврши својот мандат со егзил во Мексико. Германски Шпигел разговара со него и што довело до неговото заминување, од лажни извештаи на набљудувачи, до залихите на литиум во земјата.

Само немој да го викате воен удар

Во развој на настаните кој личи на неинвентивен холивудски римејк на филм од 70-те, претседателот на Боливија мораше да избега од земјата откако тамошната армија „го замоли“ да си даде оставка. За да биде римејкот комплетен, по неговото заминување обидот на домородните Боливијци да се кренат против воениот удар, беше дочекан со палки, солзавец, скршеници и неколку мртви.

Апсурдна фудбалска сцена во Боливија

Некои клубови не треба воопшто да добијат лиценца за натпреварување за да им дојде памет дека вака не се организира натпревар. Извезен Марио Куељар кој настапува за Оријенте Петролера, добил тешка повреда по која требало да го стават во амбулантно возило и правец во болница. Но што се случува?

Со сиот памет покажа ВАР, а го немаат воведено

Царот на колото се вика Раул Орско и суди во боливиското фудбалско првенство. Арно ама понекогаш и самиот не знае што суди. Го викна линискиот нешто на муабет и потоа влезе некако напалено на терен мисли ЛШ суди и ги крена рацете за ВАР, само уште да имаше ВАР во Боливија. Потоа се сецна и виде невиде пенал свирна, па овие го промашија. Каша попара ситуација.

Турција станува европска фудбалска Боливија

Фудбалската репрезентација на Турција ја изненади Европа откако после Холандија, убедливо го совлада и светскиот првак Франција и тоа на исто место - во градот Коња каде во минатото не играле речиси никогаш.

Куп на Ослободители од Шпанија, а финалето се игра во Мадрид

Парадоксот на современиот фудбал отиде до таму да ја искомпритира и најголемата страст на луѓето во Јужна Америка - континент на горди луѓе, убави култури и верни традиции кои долго се бореле за своја слобода од угнетувачите.

Арам да ти е што му даде жолт за прославата

На првиот меч од 16/финалето во Копа Либертадорес, Максимилијано Фреитас со првиот контакт со топката откако влезе во игра му донесе победа од 2:0 на неговиот Ориенте Петролеро против Универзитарио де Перу и знаеше како да го прослави важниот гол.

Поради грешка на Фудбал Менаџер го викаат да игра за Боливија

Видео играта Фудбал Менаџер е толку популарна и продавана во светот што ја играат и самите најпознати фудбалери. Има екстремно прецизни податоци кои ги користат и познатите скаути, но кој работи знае да згреши па така и они.

Како е да се игра фудбал на 3.637 метри надморска висина

„Боливија дома си гази“ е една од честите маалски фрази кога се гледаат паровите од Јужна Америка. И не случајно е така, затоа што Боливија дома има голема предност над противникот кој не знае кај е лево на толкава висина.

Голман погоди од гол на гол во Боливија

Лидерот во Боливија, тимот на Боливар едвај ги одбиваше нападите на Сан Хозе во финишот, при резултат 2:1, па голманот Дитуро реши да стави крај на мечот.

Аргентина се дефинитивно дрва особено во одбрана, а селекторот бира играчи од просечни екипи

Недозволиво е селекција од таков рангот да губи од една од најслабите јужноамерикански репрезентации која 23 години нема видено СП со очи и во трите учества (1930, 1950 и 1994) нема ниту една победа. Не им е изговор ниту отсуството на Меси.

Меси суспендиран 4 меча, Аргентина без него ќе брка Мундијал

Кога во квалификациите за Светско 2018 Меси играл за Аргентина, репрзентацијата освоила 15 од можни 18 бода. Без него во тимот освоиле само 7 од можни 21! Ете колку ќе им фали до крајот на циклусот квалификации за СП.