Закачката на Меси во Боливија, настана голема гужва

Аргентина после пресврт едвај успеа да победи 1-2 на тешкото гостување во Ла Паз (3.640 м/ндвм). Боливија поведе 1-0 со голот на капитенот Мартинс Морено во 24’ минута, а Лаутаро Мартинез израмни на истекиот на првиот дел во 45’ минута. Во второ Жоакин Кореа ги постави конечните 1-2.

Аргентина освои 3 бода, ама после мечот настана голема гужва и за малку физички ќе се пресметале Меси со кондициониот тренер на Боливија Лукас Нава и капитенот Мартинс Морено:

Интересно, ова е прва победа на Меси на стадионот „Ернандо Силес“ во Ла Паз каде во 2009-та со Марадона Аргентина и Лео доживеаа дебакл 6-1 а во 2013-та одиграа 1-1.

14 октомври 2020 - 10:01