Во Боливија се качувале на планина за со двоглед да го гледаат Меси

Гостување во Боливија е необично искуство низ кое поминува секоја репрезентација во Јужно-американските квалификации за Светско првенство. Стадион на највисока надморска висина на свет, играчите пред мечот се спремаат со кислородни боци.

Во вторникот во главниот град на Боливија Ла Паз, гостуваше Аргентина со Лионел Меси во рамките од 2. коло квалификации за Светско првенство. „Гаучосите„ победија после пресврт со 1-2 откако домаќинот го отвори резултатот преку капитенот.

Стадионот „Ернандо Силес“ е национален стадион на кој игра Боливија, а се наоѓа на над 3.600 метри надморска висина. Тоа, веќе познато е одамна, им прави мал проблем на гостинските играчи кои мораат да се аклиматизираат неколку дена пред натпреварот со Боливија. (повеќе занимливости за необичниот стадион тука)

Поради глобалната пандемија, ниту во Јужна Америка не е дозволен влез на навивачи, па многу Боливијци решиле од околните ридови да го гледаат најдобриот фудбалер на светот - Лионел Меси.

Но за разлика од другите репрезентации кои седат подолго во Ла Паз, селекцијата предводена од селекторот Лионел Скалони во Боливија дошла во неделата и поминала 2 дена таму. Сакале Аргентинците што е можно побрзо да одиграат и да се вратат дома.

Локалците кои сакале да го гледаат мечот и посебно Меси морале да се помачат за тоа планинарејќи по околните ридови.

„Меси многу те почитувам. Јас сум дете од Венецуела и те следам во чекор. Те молам за автограм“

Стадионот „Ернандо Силес“ собира 40.000 гледачи. Но во вторникот гледачите останаа во своите домови, а некои дошле во близина на стадионот

Едни среќници се качиле на првата најблиска зграда со поглед на теренот. Нив режисерот ги даде во кадар при голот на Боливија

Во 79’ минута Хоакин Кореа го постигна голот за пресврт 1:2, а Меси му скокна во прегратка:

Првиот гол за „Ла Селесион“ го даде Лаутаро Мартинез. Напаѓачот на Интер прекина една црна серија на Аргентина: последниот гол кој го дал некој друг а да не е Меси бил во ноември 2016-та година. Од тогаш на следните 7 меча во квалификациите Аргентина постигнала 6 гола од кои 5 биле на Меси плус 1 автогол на Венецуела.

Ова беше прва победа на Аргентина во Боливија од 2015-та.

КАКО Е ДА СЕ ИГРА ФУДБАЛ НА 3.637 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНА?