На почетокот сите бевме смртно уплашени дека ќе испоизгинеме од тоа ковидот. Нешто подоцна, кога на некои им помина стравот за себе, се воведе 'грижата на совест', да се вакцинираш за да не го шириш вирусот и да ги заштитиш баба и дедо и сите блиски кои се во ризични групи.
Овој октомври, Фајзер признаа пред да ја пуштат вакцината меѓу луѓе, воопшто не било тестирано дали таа спречува трансмисија на вирусот (види: Фајзер врска немале дали вакцината спречува ширење на вирусот).
Во декември 2021 година Бајден порача:
Во поглед на невакцинираните, нè чека зима на жестоки болести и смрт - за нив и нивните семејства а болниците ќе бидат преплавени.
Но, има и добри вести: ако си вакциниран плус имаш бустер, заштитен си од сериозна болест и смрт - точка.
Точка, си го питам.
Нова студија од Оксфорд и универзитетите во Единбург и Свонси утврдиле дека после првичната заштита од „хоспитализација и смрт“, по некое време таа заштита од вакцините оди во - негатива. На нашки, после некое време, подобро било да не си бил вакциниран. Гад дем!
Студијата е изведена на примерок од 12,9 милиони луѓе од Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс. Повеќе за методологијата - тука.
Вакциналната заштита станува негативна на околу 60-80 дена од пост-вакциналниот период. Тоа значи дека за два до три месеци, вакцинираните доживуваат поголеми стапки на ковид хоспитализации и смрт отколку невакцинираните.
Еве ги резултатите (за сите возрасни групи од сите наведени држави) за првата доза од Астра Зенека.
Се работи за релативен ризик од хоспитализација и смрт кај вакцинираните во споредба со невакцинираните. Ако релативниот ризик е помал од 1, тоа значи дека постои помал ризик од хоспитализација и смрт кај вакцинираните. Вредностите поголеми од 1 сугерираат дека ризикот од хоспитализација и смрт е зголемен по вакцинацијата. Анализата јасно покажува почетниот заштитен ефект, се менува околу 60-70 дена по вакцинацијата.
Слични се податоците за првата доза Фајзер:
Податоците за втората доза се малку посложени за интерпретација. Не се проценувал ризикот од инфекција во однос на невакцинираните, туку во однос на оние со само една доза. И овде, Астра Зенека резултира со зголемен ризик по околу 70-80 дена, додека втората доза Фајзер се чини врши работа бидејќи индексот останува под 1 (некаде при крај на истражуваниот период почнува некое зголемување).
Втора доза Астра Зенека:
Втора доза Фајзер:
Накратко, на 98-от ден, заштитата од завршување во болница или смрт од Астра Зенека е минус 98% а втората доза тоа го влошува со минус 59%.
На 100-от ден од првиот Фајзер, заштитата е минус 85% а од втората плус 46%.
*******
Види и:
Се бара суспензија на вакцините, „до даљнег“