Директорка во Фајзер призна дека пред ковид вакцината да се пушти на пазарот, ни таа ни други лица од Фајзер не знаеле дали таа ќе ја спречи трансмисијата на вирусот.
Тоа прашање го постави холандски парламентарец на специјална сесија на Европскиот парламент а мораше да го одговори Џенин Смол, која Фајзер ја прати откако извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, се откажа од сводечење, знаејќи дека ќе има незгодни прашања (види повеќе во „Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење“).
„Не... Знаете, ние моравме да... навистина да се движиме со брзина на науката за да знаеме што се случува на пазарот“, немушто одговори Смол.
За холандскиот европарламентарец, ваквиот одговор е јасен знак дека милиони луѓе беа измамени од фармацевтските компании и владите.
„Милиони луѓе ширум светот почувствуваа обврска да се вакцинираат поради митот дека 'тоа го правиш за да ги заштитиш другите'. Сега испаѓа дека тоа беше евтина лага... која мора да биде разобличена,“ напиша Роб Роос.
Епок Тајмс забележува дека кон крајот на 2020 година, американската Агенција за храна и лекови напишала дека не постојат расположиви податоци дали вакцината спречува понатамошна трансмисија и колку долго трае тоа. Бурла во тоа време велеше дека „не е сигурен“ околу тоа прашање.
Па сепак, во пролетта 2021 година, бројни авторитети, од Џо Бајден до Ентони Фаучи тврдеа дека вакцината е „ќорсокак за вирусот.“
„Кога се вакцинираш, не го заштитуваш само своето и здравјето на семејството туку придонесуваш и кон јавното здравје спречувајќи го ширењето на вирусот,“ ќе каже Фаучи во тоа време.
Подоцна, првиот човек на американската ковид политика ќе ретерира па ќе удри фокус на тоа дека вакцината спречува тешки облици на болеста, хоспитализации и смртни случаи.
Сепак, многу државни вакцинални политики останаа исти, поврзани со идејата дека вакцината спречува ширење на болеста. Некои од тие мерки сè уште се на сила, како што е забраната на влез во САД на невакцинирани лица.