Сведочењето на Алберт Бурла беше закажано за 10 октомври и беше јасно дека ќе треба да се соочи со тешки и можеби непријатни прашања од специјалниот ковид панел на Европскиот парламент. Но, во меѓувреме работите дополнително се усложнија.
Ревизорски извештај за набавките на вакцини за ЕУ покрена нови прашања за контактите меѓу Бурла и фон дер Лејен, пред да биде постигнат договорот од мај 2021 година, за набавка на 1,8 милијарди дози вакцини од Фајзер.
Извештајот на ревизорите откри дека Фон Дер Лејен директно била вклучена во прелиминарните преговори за најмрсната европска набавка на вакцини, нешто што излегувало од преговарачката рамка со другите произиводители, кога сите детали ги усогласувале надлежни тимови и преговарачи.
Ревизорите наведоа и дека Комисијата на Урсула одбила да обезбеди записи од дискусиите со Фајзер па не споделила ниту стенограми, ниту имиња на консултирани експерти, договорени услови и други докази.
Њујорк Тајмс уште лани објави пораки меѓу Бурла и Урсула, разменети во фото-финиш на постигнувањето на договорот, од кои можеше да се види дека тие двајца имаат доста присен и близок однос.
Наместо првиот човек, Фајзер на сослушување од панелот реши да ја прати Џанин Смол која се занимава со меѓународни пазари во развој.