Вакцините против ковид неодамна беа додадени во официјалниот американски распоред за имунизација, а Европската агенција за лекови одобри вакцинирање и на лица помлади од 5 години.
Зад овие решенија се наѕираат интересите на фармацевтската индустрија (важно: нивниот влез во „распоредот за имунизација“ ги штити компаниите од понатамошни тужби) но се гледа и политика, или повисоко ниво на државна контрола врз здравјето на граѓаните.
На вакцинацијата против ковид никогаш не се гледаше како на рутинска медицинска процедура, проценувана само од аспект на здравствена корист наспроти ризиците. Напротив, на целата работа се гледаше како на некаков тест за граѓанство, „примање“ во телото на нацијата, по што вакцинираниот ги добива сите права на неговото државјанство. Невакцинираните беа „себични“, „егоисти“, „неодговорни“, и дури “не-граѓани“ - како што еднаш ги нарече Емануел Макрон. Вакцинираните пак, со гордост го истакнуваа својот статус.
Оттука и загриженоста околу вакцинацијата на младите и децата, кога се знае дека вакцините немаат што многу да им понудат на овие групи, како и фактот дека не спречуваат понатамошно ширење на вирусот. Така, боцкањето стана еден вид крштевање, ритуал на иницијација, потврда дека младата личност е подобна да оди во училиште, музеј, да посетува летни кампови или универзитетски згради.
Политичките тонови секогаш беа присутни кај вакцинација. Во Франција, на пример, сертификатот за вакцинацијата е најважниот документ за упис во училиште. Кога пред извесно време сакав да го префрлам син ми во друго училиште (исто во францускиот образовен систем), единствен документ кој се бараше од нас беше оној дека е вакциниран.
Дури и во 19-от век, вакциинацијата имала политичка конотација. Таа истовремено била и потенцијално корисен лекарски третман, но и облик на државна консолидација на граѓанството, особено во поглед на сиромаштијата која се сметала за небањата и заразна.
Работничкиот отпор кон задолжителна вакцинација бараше личен суверенитет над своето тело и се противеше на државна контрола на таа „територија“. Вакцинацијата ја осудувале како жигосување, а вакцинираните ги нарекувале „бележано докторско стадо“.
Кај вакцините што не се против ковид, медицинскиот резон остана пресуден, а вообичаените детски вакцини главно корисни и безбедни.
Сепак, околу ковидот, про-вакцинскиот политички наратив преовладеа над медицинските аспекти. Американски доктор го нарече Новак Ѓоковиќ „себичен“ заради неговата одлука да не се вакцинира. Според лекарот, вакцинирањето сведочи за посветеноста кон својата заедница а спортистите треба па бидат пример за „храброст“, „дисциплина“ и „пожртвуваност“. Интересен е фактот дека за вакцинирањето се говори (од доктор!) со речник прикладен за во војска.
Ова се коси со основното начело на лекарска грижа. Традиционалното „прво, немој да наштетиш“ значи дека личноста треба да има добра причина за да подлежи на третман. Но, дури и еден познат американски рагбист - алергичен на една од состојките на вакцината - не успеа да ги убеди авторитетите.
Познато е дека фармацевтските интереси можат да ги надмудрат комисиите и релевантните студии; за разни лекови тоа веќе со години се прави. Меѓутоа, застрашувачкиот социјален наратив околу вакцините е сосема поинаков проблем.
Штетата што ќе им се нанесе на одреден број деца како резултат на доминантниот наратив, покажува дека медицинските третмани некогаш се водени од други интереси, за кои здравјето на пациентите не секогаш е појдовна точка.