- Иако по досега преброените гласови, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во 55 општини, Ана Чупевска од СДСМ вечерва во „Претрес“ рекла дека СДСМ има нагорен тренд и ги смета локалните избори за успех.
- Чупеска очекувала влегување на партијата во втор круг во Скопје, иако во моментов нивната кандидатка Каја Шукова е на третата позиција, зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и зад кандидатот на Левица, Мециновиќ.
- Саудискиот фонд за јавни инвестиции што за 55 милијарди долари ја купија најпознатата компанија за видео-игри Electronic Arts (EA), креаторот на популарните игри Fifa, The Sims и Mass Effect. Во групата инвеститори е и Affinity Partners на Џаред Кушнер - зетот на претседателот Доналд Трамп.
- EA ќе биде трансформирана во приватна компанија. Инвеститорите ќе ги откупат сите акции од слободно тргување и компанијата повеќе нема да биде присутна на берзата.
- Ова е еден од најголемите откупи на компании со позајмен капитал. Саудискиот фонд вложува 36 милијарди долари, а 20 милијарди за трансакцијата позајми инвестициската банка JPMorgan. Аналитичари од Bloomberg предупредуваат дека отплатата на долгот може да резултира со масовни отпуштања, поагресивна монетизација и други мерки за намалување на трошоците во една од најголемите компании во индустријата за видео-игри.
- EA лани оствари приход од 7,5 милијарди долари. Во октомври за три дена продаде рекордни 7 милиони примероци од играта Battlefield 6, но и покрај тоа отпушти вработени вклучени во развојот на новото издание од серијалот.
- Кина одобри изградба на уште осум нуклеарни реактори, со чие врзување во мрежата ќе ја надмине Франција во капацитетот да генерира струја од нуклеарни извори.
- Инсталираниот капацитет за производство на нуклеарна енергија во Кина сега изнесува 63,98 гигавати со што за првпат го надминува капацитетот на Франција од 63 гигавати. САД се убедливо на првото место со 96,9 гигавати струја произведени од нуклеарни централи, според податоци од Светската нуклеарна асоцијација.
- Одобрени се три пара реактори од типот „Хуалонг“ капацитет од 1 гигават во постоечки централи, како и два од типот „Гуохе“ со капацитет од 1,4 гигавати во новата централа Лаијанг.
- Пекинг има долгорочна стратегија за проширување на производството на нуклеарна енергија заради зајакнување на енергетската безбедност, намалување на зависноста од фосилни горива и декарбонизација на индустријата.