- Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Украина и Русија веднаш да ја запрат војната и да нацртаат граница каде што сега поминува линијата на фронтот. Тоа значи дека Русија би ги задржала окупираните територии во регионот богат со руда Донбас.
- „Нека биде пресечен (Донбас) како што е сега. Мислам дека 78% од територијата веќе е земен од Русија. Нека остане така. Тие можат подоцна да преговараат нешто за линијата“, одговори Трамп на прашањето дали Украина ќе треба да се откаже од целиот Донбас.
- Трамп на директната средба со Володимир Зеленски во Белата куќа го известил дека Америка нема да ѝ продаде на Украина крстосувачки проектили Томахавк, кои имаат дострел од 1.600 километри. Зеленски денеска побара од САД уште 25 противвоздушни системи Патриот, за да ги заштити подобро градовите и енергетската инфраструктура од постојани ракетни напади спроти почетокот на зимата.
- Зеленски изјави дека е спремен да им се придружи на Трамп и на Путин на самитот во Будимпешта до крајот на октомври, иако никој го нема ни покането.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.