Се бара суспензија на вакцините, „до даљнег“

Еминентни научници и доктори се здружуваат во апел да се суспендираат мРНК вакцините додека целосно не се истражат сериозните нус-појави. Бараат и Фајзер да го отвори сиот истражувачки материјал кој го поседува за да може да се направи независна проценка на ќарот и штетата за различни возрасни групи.

Еден од најеминентните британски кардиолози, д-р Асеем Малхотра, кој беше еден од првите што зеде две дози од вакцината и тоа го промовираше во емисијата „Добро утро, Британија“ вели дека од пуштањето на вакцината, евиденцијата за нивната ефикасност и вистинските стапки на несакани дејства се имаат променето.

Во неговото дводелно истражување „Лекување на пандемијата дезинформации за вакцините со реална медицина заснова на надокази“, тој покажува дека кај помлада популација, ревакцинациите носат поголем ризик од појавување на некоја сериозна несакана последица отколку што е ризикот да се биде хоспитализиран заради ковид.

Особено загрижувачка е кардиоваскуларната сигурност на вакцинираните што го поткрепуваат бројки од реалниот свет: Британија во 2021 година регистрира екстра 14.000 повици за Брза помош поврзани со срцеви проблеми во однос на претходната година, а во Израел, во старосната група од 16 до 39 години, постои 25% зголемување на бројот на инфаркти.

Наодите и анализата на доктор Асем Малхотра се причина за глобална загриженост. Ние недвомислено веруваме дека вакцините се едни од најголемите откритија во медицината кои драматично го продолжија животниот век, меѓутоа генетските МРНК вакцини се поинакви и нивната долгорочна безбедност мора да биде темелно испитана.

Овие наоди предизвикуваат загриженост околу тешки кардиоваскуларни нус-појави предизвикани од вакцината и ја нагласуваат регистрираната врска помеѓу вакцините и миокардитисот, честа причина за неочекуван срцев удар кај младите индивидуи“, пишува претседателот на меѓународната васкуларна асоцијација, доктор Шериф Султан.

Трудот на Малхотра бара паузирање на вакцинирањето млади луѓе, кон што неодамна пристапија Данска и Флорида. Цитирајќи го самиот сајт на Агенцијата за храна и лекови, тој потсетува и дека тестовите за анти-тела не се веродостоен маркер за заштитеност од ковид.

 

 

 

29 септември 2022 - 10:56