Во четвртокот репрезентацијата на Бразил, која одамна го обезбеди првото место и директен пласман на Светското првенство 2018, со најсилен состав (Нејмар, Кутињо и Габриел Жезус) дојде на гости кај безнадежниот аутсајдер Боливија. И одигра нерешено во натпревар на кој Бразилците имаа преку 10 стопостотни шанси за гол.
Најинтересно е што никој особено немаше голем интерес за овој меч па букмејкерите на победа на Бразил дава коефицент околу 2,00. Зошто толку кога „Кариоките“ се надмоќни и први? Затоа што Боливија кога игра дома е во состојба да ги победи сите најдобри репрезентации на светот.
Тајната на Боливијците е проста и одамна позната: стадионот „Ернесто Силес“ во престолнината Ла-Пас се наоѓа дури на 3.637 метри надморска висина!
За човековото тело да се прилагоди (аклиматизира) на оваа висина треба неколку недели. Фудбалерите немаат толку време затоа што сите претпочитаат да дојдат на неколку часа пред мечот, да играат и да одлетаат. Тоа им помага да ги намалат непријатните последици, но не и да ги избегнат.
Се смета дека на висина поголема од 2.5 км неприлагоден човек може да исползува околу 30% од своите физички способности. Во таква ситуација кај него често се појавува мачнина, повраќање, вртоглавица и тешко дишење.
„Првата работа која што ќе ја видите во соблекувалните во Боливија се боците со кислород. Тешко е не само физички туку и ментално. Малку да ве заболат градите и веднаш ќе помислите: ’А јас мислев дека сум спремен за ова’.
На таа висина, необично но вистинито, и топката се движи побрзо па е многу тешко и за голманите. Сума сумарум, за сите е тешко.
„Нечовечки услови за игра. Теренот, надморската висина, топката... се ужасно. Но ние сме доволни спремни да играме дури и во такви услови“, напиша Нејмар на Instagram со фотографија од соблекувалната.
Но тоа е предност за домаќинот којшто на Мундијал не отишле уште од 1994 година но дома редовно си ги победуваат гигантите. На пример во 2001 година Боливија го совлада Бразил со Ривалдо и Лусио 3:1, а во 2009-та во Ла Паз ја згромија Аргентина со Меси 6:1. Најголемиот успех во историјата на фудбалската репрезентација на оваа земја бил триумфот на Копа Америка во 1963 година - тоа се случило погодете каде, на родната височина.
Еве како тоа изгледа поедноставено:
Боливија против Бразил (0:0 дома, 0:5 на гости)
Боливија против Аргентина (2:0 дома, 0:2 на гости)
против Чиле (1:0 дома, 0:3 на гости).Дома: 4 победи, 2 нерешени, 3 порази
На гости: 8 порази
Пред 10 години ФИФА се закани дека ќе забрани одигрување натпревари на висина поголема од 2.500 метри но на крајот ја качија границата до 3.000 метри надморска височина и направија посебен исклучок за стадионот во Ла Паз, така што историјата ќе продолжи.