И покрај тоа што делуваше млитаво и несигурно на Мундијалот, аргентинскиот напаѓач сепак одигра одлична клупска сезона и со помош на неговите два гола од кои еден мајсторски, Интер го освои Купот на Италија.
По пласманот во финалето од Купот на Италија, Симоне Инѕаги и Интер заверија уште една финална битка и тоа во Лигата на шампионите. На 10 јуни во Истанбул ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Милан не успеа да возврати ниту со повратникот Леао.
Интер ја потопи Верона на гости со 0:6 и остана четврт на табела. Лаутаро Мартинез го понижи голманот со најслаткиот потег кога ќе ти се укаже ситуација еден на еден, а тоа што го изведе Турчинот, едноставно не се брани.
Светскиот првак си поигра со Курасао кој го декласираше со 7:0. Меси постигна хет-трик, а Лаутаро Мартинез во последно време како да не пропушта натпревар да се посрамоти сам пред гол. Се ушептрља целиот. Тој напред, топката назад.
Иако има уште 16 кола до крај, сепак не е нереално да се каже дека Скудетото му се насмевнува на Елиф Елмас. Интер одигра само 0:0 против претпоследнопласираната Сампдорија и сега разликата со Наполи изнесува 15 бода. Напаѓач кој игра за светскиот првак, оваа топка треба да ја забие во гол. Тој ја промаши, падна и направи фаул во напад.
Фудбалерите на Интер се првите финалисти во Купот на Италија откако со 3:0 го елиминираа Милан во реваншот. Аргентинецот Мартинез беше двоен стрелец, кој градскиот ривал го отвори по само 4 минути игра на спектакуларен начин.
Градските дербија во Италија носат посебен набој и многу тензија. После видеото со насилничкото однесување на редар, се појави ново, овој пат од тензијата на крај меѓу Тео Хернандез и Лаутаро Мартинез. Првиот доби црвен на крај и замина во соблекувална, а вториот ја направи сељачката и отиде да го плукне. Михајловиќ кога го плукна Муту во ЛШ, осум кола го казнија.
Што викаше Фабио Капело, во едно семејство има кавги и дискусии, а не па во еден фудбалски тим составен од 30-ина фудбалери и тренери. Интер освои титула, прослави скудето, ама се 'рчнаа Конте и Лаутаро Мартинез.
Интер синоќа стана еден од ретките клубови (АЕК, Борусија Дортмунд 2х и ПСЖ) кои успеале после 2-0 во Мадрид да му се вратат на Реал со 2-2. Ама не издржаа дечките на Конте и на крај изгубија 3-2. Еден од најубавите моменти на мечот беше асистенцијата на италијанскиот репрезентативец Николо Барела до Лаутаро Мартинез.
Лош старт на Интер по првите две кола во ЛШ на кои собраа само два бода, еден со Борусија дома и денеска со Шахтјор на гости. Барела и Лукаку го погодија дирекот, а Лаутаро Мартинез се изрезили од чиста позиција и го промаши цел гол.
Гостување во Боливија е необично искуство низ кое поминува секоја репрезентација во Јужно-американските квалификации за Светско првенство. Стадион на највисока надморска висина на свет, играчите пред мечот се спремаат со кислородни боци.
Во време на Морати, Интер секогаш пазареше дел од најзвучните имиња во напад, ама замислете ова што го прават сега двајцава, не ми тргнало од рака ниту на Виери – Креспо, Роналдо - Рекоба, Милито – Ето и да не редиме до крај.
Откако им даде гол за 2-0, Фирмино ги работеше Аргентинците на средина од терен, а кроз нозе му ја протна на Лаутаро кој му се заканувал дека ќе му ја скрши вилицата. (пратете го вториот дриблинг)
Има само 20 години, умее да шутира и со лева и со десна како Хари Кејн, а Хернан Креспо веќе го споредува со Серхио Агуеро. Во таа пеколна конкуренција на напаѓачи кои ги предводи Меси, ќе има можност да се покаже на пријателските средби против Италија и Шпанија.