Кавгата меѓу тренерот на Интер и центарфорот од Аргентина изби кога Конте реши во 77' минута да го извади од игра Лаутаро Мартинез при резултат 3-1 на мечот против Рома. На негово место влезе Андреа Пинамонти.
Интересно, Мартинез претходно влезе во игра во 35' минута откако Алексис Санчез се повреди.
При напуштање на теренот, Лаутаро рогаше неколку пластични шишиња со вода, а Конте не му остана должен и жестоко му возврати: „Треба да се шутнеш сам себе во фаца, Лаутаро. Разбра? Треба да имаш малку почит. Феномену, феномен жими ....“
СЕ СМИРИЈА НА МНОГУ СМЕШЕН НАЧИН
Откако сфатил дека претерал со реакцијата, Лаутаро Мартинез отворено се извинил пред тренерот и пред сите соиграчи.
Од таа причина во четвртокот после тренинг Аргентинецот решил да почасти скара за сите соиграчи а ја спремал заедно со Хакими и Весино.
За време на дружбата после тренингот, Ромелу Лукаку во улога на боксерски судија, а соиграчите во улога на навивачи, организирале „бокс меч“ меѓу Конте и Лаутаро кои на овој начин и симболично се смирија, се гушнаа и си простија.
💢 Lautaro Martinez ve Antonio Conte, son Roma maçında tartıştılar.
— Deplase Dergi (@deplasedergi) May 14, 2021
🥊 Dün ise Lukaku önderliğinde bir boks müsabakası için bir araya geldiler.
😂 Küslükleri gidermek adına güzel bir yöntem.
pic.twitter.com/MDKixJoHDa