Гледавте ли хајлајтс од мечот Славија Прага - Интер во средата? Ако сакате да сте во тек со тоа што се случува во нападот на Интер, пожелно е да фрлите око.
Мартинез два пати реагираше убиствено во шеснаесет, а претходно работата ја заврши Лукаку кој и двете акции сам ги изгради и како бик им се постави на домашните дефанзивци. Не можеш бре да му ја земеш, голем е некако. Кај два пати асистираше, па уште и гол даде. Практично они двајца ја суредија Славија.
Во таборот на Антонио Конте ова аргентинско – белгиско дуо гази и тоа без пардон. Кога и да проверите стрелци кај Интер стојат имињата на Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез и ако продолжат вака тоа ќе бидат бројки за историја.
Пази ова, Мартинез лани цела сезона имал 9 гола за Интер на 35 настапи, а сега има 11 на 18 средби, како и 3 асистенции. Идентична реализација од 11 комада има и неговиот партнер кој лани за Манчестер стрелал само 15 пати на 45 натпревари. Каков напредок за двајцата.
Тие се всушност најзаслужни што Интер за сега му е единствен против кандидат на Јуве за титулата. Само еден бод се под нив.
И сега да преминеме на главното. Еуроспорт извади една доста добра статистика каде најдобро се гледа што прават двајцава. Ниту еден тандем на Интер немал ваква реализација по 18 минати натпревари на сите натпреварувања. Тандемите Виери – Креспо и Виери – Андријано ги минале за 2 гола.
Па уште и исто се носат