Интер го одбрани трофејот во Купот на Италија против Фиорентина со победа од 2:1 на стадионот Олимпико во Рим.
Виолетовите го направија интересно финалето уште во 3 минута кога поведоа со голот на Николас Гонзалес, кој пред два месеци беше стрелец за Аргентина на пријателската против Курасао.
Неговиот сонародник, Лаутаро Мартинез го спреми брзо одговорот и за 8 минути во првиот дел ги постави конечните 2:1.
25 годишниот напаѓач игра топ сезона со вкупно 27 гола на сите натпреварувања од кои 20 во Серија А.
За Интер ова е втор трофеј во 2023-та после Супер Купот кога во јануари годинава го совлада Милан со 3:0.
Симоне Инѕаги веќе има 4 трофеи на Меаца по 2 во Купот и Супер Купот на Италија.