Додека на нашиот континент Европското стигна до полуфинале каде ќе се бие битката Норвешка – Хрватска и Шпанија – Словенија, турбо ракомет се игра и во Јужна Америка.
Не е тоа исто ниво како во Европа, бидејќи јужно американскиот континент е пред се фудбалски заразен и многу помалку ракометно, но како и да е фино да се фрли око да видиме што се случува таму.
Во ова континентално првенство учествуваат шест селекции: Бразил, Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај и Боливија, а домаќини се Бразилците. Распоредот им е турбо, без еден ден одмор. Почнаа на 21 јануари, а завршуваат на 25-ти.
Првите четири селекции во групата одат на СП 2021 кое се игра во Египет. Според моменталниот изглед на табелата фаворитите Бразил и Аргентина се веќе сигурни патници бидејќи и двете репрезентации имаат 3 од 3.
Трет е Уругвај со 4 бода, Чиле има 2, а Парагвај и Боливија 0. Епа токму до последниве беше поента да стигнеме. Имаат гол разлика од 17 дадени и 214 примени голови. Очигледно антиталенти за ракомет кој само фигурираат како учесници.
Во прво коло загубиле замислете со резултат 82:7 (42:5 на полувреме). Резултатот кој повеќе личи на кошаркарски меѓу да речеме Голден Стејт – Гостивар. Кај Аргентинците Пизаро дал 20 гола, а кај другиве од тие 7 гола извесен Артуро Куиспе дал 6.
Во следното коло кутрите Боливијци морале да ги одмерат силите со Бразил и успеале да одиграат поцврство во одбрана и да го појачаат во напад. Примиле 5 помалку, а дале 2 повеќе. Конечен резултат 77:9.
И во трето нов дебакл на Боливија која за 60 минути ракомет дала само еден гол. Уругвај – Боливија конечни 55:1.
Штета што имаме толку кус видео материјал во кој ќе видите една генијална голманска интервенција.
Но затоа имаме нешто плус, а тоа е боливијската култура за ракомет кај постарите. Закон се.
Денеска Боливија же има можност да стигне до првите бодови бидејќи на програмата е дербито од долниот дел на табелата против Парагвај.
Како и да е овие нивни резултати не се светски рекорд. Лани Узбекистан го победил Киргистан со 93:0 во јуниорска конкуренција.