За време на натпреварот меѓу Стронгест и Насионал Потоси кој домаќините го добија со 3:0, куче истрча на терен со копачка меѓу забите.
Боливискиот Página Siete пишал дека кучето кое на социјалните мрежи го завикале Качито, му зел копачка на резервниот голман на Насионал.
Качито никого не тормозеше на теренот ниту беше агресивен, просто трчаше по теренот и во еден момент легна. Раул Кастро, фудбалерот на домашната екипа Стронгест, го крена и им го предаде на полицајците кои го обезбедуваа мечот.
Кучето било изнесено надвор од стадионот, но после неколку денови локалната организација за заштита на животните соопштила дека Качито било удрен од кола. Го пронашле локалните жители кои пријавиле во организацијата.
„Качито не може да преживее сам. Ќе го однесеме во Часквипампа (населба во Ла Паз). Ќе побараме помош од ветеринарите. Гледате и сами дека многу е повреден“, рекла Мајра, жена која го спасила.
Целата сторија има среќен крај. Соиграчите од Стронгест го информирале Раул Кастро (тој не користи социјални мрежи), дека Качито имал сериозна незгода, после што фудбалерот решил да го вдоми.
„Дознав дека центарот за грижа нема средства за ветеринари и лекови, па јас им префрлив пари. За жал не можам веднаш да го земам зошто треба да играме во Санта Круз. Но ќе се вратам и ќе ги потпишам сите документи“, рекол Раул Кастро во неделата.
Стронгест изгубил 3:2 во Санта Круз, но Кастро веќе има нов другар. И натаму го вика Качито