По киднапирањето 4 аташеа од советската амбасада, до медиумите се огласува група која се нарекува Исламска ослободителна организација. Тие испраќаат слики од четворицата дипломати, на кои секој е со пиштол на глава. Пораката до СССР е дека сите заложници ќе бидат убиени еден по еден, освен ако Москва не ја убеди про-сириската милиција да престане со бомбардирање на позициите на про-иранските фундаменталисти во Триполи.
Во првите два дена од кризата, Советите се обидуваат со преговори да ја решат ситуацијата со киднаперите.
На вториот ден, за да покажат колку се сериозни, киднаперите го убиваат 30-годишниот заложник Аркадиј Катов. Тој е најден на ѓубриште во Бејрут со куршум низ глава.
Тука Советите се откажуваат од преговори, и целата работа ја превзема КГБ.
4 недели подоцна, останатите тројца советски заложници се ослободени на околу 150 метри од Советската амбасада.
Ерусалим пост во 1986-та (една година по киднапирањето) ја пренесува следната сторија околу тоа како се ослободени заложниците:
КГБ открива дека киднапирањето е дело на Хезболах.
За разлика од Американците кои во една претходна заложничка криза се обидуваа да преговараат со Хезболах преку Наби Бери, министерот за правда на Либан, Советите фаќаат друг правец.
КГБ киднапира маж за кој знаат дека е близок роднина на висок водач на Хезболах. Го кастрираат и исечените тестиси му ги испраќаат на водачот на Хезболах, а по ова му го испраќаат и остатокот од телото на несреќниот роднина со куршум во глава.
Како дополнување за својата сериозност, КГБ му порачуваат на истиот лидер на Хезболах дека имаат список со идентитетот на сите негови блиски роднини, и дека би можел да очекува уште пакети ако советските заложници не бидат веднаш ослободени.