Овие луѓе се вид кој изумира. Ако сте родени пред 1985 година, тогаш знаете како било без и како е со интернет. Уникатна позиција од која може да се зборува за Пред и за После", вели Мајкл Харис, автор на книгата "Крајот на отсутноста".
Тоа истовремено е привилегирана позиција.
Ако ние сме во позиција да бидеме последните луѓе во историјата кои го познаваат животот пред интернетот, тоа значи дека сме единствените кои кога било ќе ги зборуваат "двата јазика". Ние сме единствените флуентни преведувачи на Пред и После.
Тој тргнува по стапките на она што се смета класика во критиката на интернетот (Николас Кар, The Shallows) но наместо занимавање со тоа како постојаната вклученост и вмреженост влијае на човечкото однесување, се фокусира на специфична демографија: оние кои се родени пред 85-та и живееле во свет со ограничени комуникациски канали, помалубројни форми на забава, помал притисок од околината и јавноста.
Не е тој критизер на технологијата. Таа не е ниту добра ниту лоша. Таа едноставно е тука. Па сепак, онлајн режимот на живот и тоа како ги менува работите.
"Ако твитот ми добил многу ретвити, ќе заклучам дека ми е добар. Ако Фејсбук сликата ми добила многу лајкови, мора да сум убав. Се плашам дека со ваков живот полека ја губиме способноста сами да решиме што мислиме за себе," вели Харис.
Тој своите критики во врска со интернетот не ги црпи од стереотипните кукања "какви се денес децата", туку од сопствениот пример. Дека штом ќе стане проверува меил, проверува социјални мрежи. Небаре нашиот сон го доживуваме како виновник што 8 часа сме биле офф-лајн.
"Наместо наутро, со чист и одморен мозок да гледаме што сакаме да правиме, ние се секираме што сме пропуштиле," поентира тој.