- 42 полицајци се повредени и 37 луѓе се приведени низ Србија во новите насилни судири на демонстранти, припадници на силите за безбедност и групи лојални на претседателот Александар Вучиќ.
- Најжестоко било во Белград каде што лојалистите фрлале петарди и факели кон блокадерите, и во Нови Сад, каде што демонстрантите го демолирале главниот штаб на владејачката партија СНС.
- Вечерва имаше масовно и сериозно нарушување на јавниот ред и мир низ цела Србија од страна на блокадерите. Бидејќи немаше поддржувачи во простории на СНС, полицијата беше брутално нападната вечерва, а полицијата го одржува јавниот ред и мир“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Претседателот Вучиќ најави дека властите ќе ги исчистат улиците од криминалци.
- Опозиционерите ја обвинуваат полицијата дека ги штити хулиганите што напаѓаат демонстранти.
- Познавачи очекуваат кулминацијата на судирот меѓу „двете Србии“ да се случи на есен а сегашните инциденти се оценуваат како „одржување на огнот.“
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.