24-годишниот десен бек на францускиот прволигаш Монпеље, Рубен Агилар е Французин со шпанско потекло од Андалузија.
Роден е на 26. апил 1993 година а првпат заиграл фудбал на 12 години во академијата на Гренобл. Од таму се префрла во младинците на Сент Етјен па назад во Гренобл каде дебитира во професионалниот фудбал со првиот тим.
Патот го води во Оксер каде ќе игра од 2014 до 2017 и ќе забележи 98 настапи а од летово е член на познатиот Монпеље. За првпат заиграл во француската прва Лига 1 на 24 години.
✍️ Bienvenue à Ruben #Aguilar 🔶🔷 première recrue du #MHSC version 2017/2018 ➡️ https://t.co/KwqKn3eBPg pic.twitter.com/tCW6LsKxV6
— MHSC (@MontpellierHSC) May 23, 2017
И тука нема ништо чудно сè до моментот кога луѓето кои работат на фамозната игра Фудбал Менаџер по некоја грешка како втора националност после француската му ја ставиле боливиската. Тоа било причина во Боливија да се зборува за „нивното дете“ таму некаде во Европа после што почнале да му ѕвонат од федерацијата на оваа земја да му понудат да игра за нив.
„Боливија ме исконтактира. Многу е чудно и смешно. Се започна со Фудбал менаџер. Во игрицата ми ја ставиле Боливија како втора националност. Минатата година веќе имав многу пораки од Боливијци после секој меч. Сега по дуелот со ПСЖ (0-0) работите тргнаа лудо.
Добив цел куп пораки. На државната телевизија во Боливија кажале дека смеам да играм за нивнат репрезентација. Морав да објавам преку комуникè на мојот Фејсбук дека немам ништо Боливиско. Мајка ми е Французинка а татко ми е Шпанец.“, изјавил Рубен Агилар.
Во коментарите, човекот задолжен за базата на податоци за Боливија Даниел Дионизи изјавил дека му е жал за грешката и дека во следното издание на играта во 2018 тој нема веќе нема да има боливиско државјанство.