Фудбалска лакрдија во Боливија заврши со 17 црвени картони

Во Јужна Америка имаат невидена страст за фудбал, ама и многу краток фитиљ. Исходот од четвртфиналниот натпревар од Купот на Боливија помеѓу Реал Оруро и Блуминг брои неверојатни 17 црвени картони. По завршувањето на мечот се степаа играчите, тренерите и членовите на стручниот штаб.

Во записникот од мечот стојат 7 црвени картони на Блуминг и 4 на Оруро, но откако црвени добиле и тренерите и помошниците на двата тима, бројката стасала до 17. Полицијата ги разделуваше со солзавец. Луда работа. 

28 ноември 2025 - 09:40