Како што налага сценариото за државни удари, веднаш по заминувањето на Моралес, вон сите уставни правила и кворум беше избран нов лидер на земјата. Во случајов тоа е лидерката на десничарската опозициска партија, Дјанине Ањез, која се прогласи за претседател на земјата.
„Најподмолниот и катастрофален пуч во историјата е комплетиран.
Пучист десничар сенатор прво се нарекува себе си претседател на Сенатот, а потоа и привремен претседател на Боливија без законодавен кворум, опкружена од група соучесници и предводени од вооружени сили и полиција кои вршат репресија врз народот,“ порача веќе пребеганиот претседател Ево Моралес.
Додека Ањез уште се организираше по дома, Трамп на Твитер го пофали развојот на настаните (воениот удар) кој доведе до прогон на Моралес како „испраќање силен сигнал за нелегитимните режими во Венецуела и Никарагва, дека демократијата и волјата на народот секогаш ќе преовлада“.
Уште утре дента по вечерното зграбување власт, на повеќе локации низ Боливија започнаа протести на домородното население на кое ништо од ова не му беше право. Прво, Моралес се уште е претседател на Боливија; второ, Ањез во својот пучистички кабинет нема ниту еден претставник од домородните Боливијци; трето, таа во минатото во повеќе наврати дава коментари против домородното население.
Оверувајќи ја изјавата на Моралес, тамошната полиција и војска инстантно се пушта во пацифицирање на протестите, користејќи насилство и уште повеќе насилство кон оние што се противат на пучот.
Резултатите од ова се инстантни:
Гревот на Моралес во целата приказна е што се кандидира за четврти мандат по ред, нешто што не е дозволено со уставот на земјата. Кога ова му е оспорено, тој се жали пред Уставниот суд на Боливија дека ограничувањето на мандатите се „прекршување на неговите човекови права“. Судот пресудува во негова корист и тој добива право да се кандидира.
На изборите Моралес победува во првиот круг (неочекувано) со предност од 10% пред второпласираниот. Заради доцнење на „победничките гласови“ опозицијата ја спори нивната легитимност и се жали на местење на изборите. Оправданието од кампот на Моралес е дека тоа се гласови од планинските делови на земјата на кои им треба повеќе време за да пристигнат и да бидат преброени. Наспроти нив е соопштениот од набљудувачката мисија на вашингтонската ОАС (Organization of American States) според која ваквиот развој на резултатите од гласањето се причина за „длабока загриженост“ и станува збор за „тешко објаснива промена во трендовите на прелиминарните резултати“.
Ставот на ОАС е оспорен затоа што клучни улоги во организацијата имаат САД, Бразил и Аргентина, односно „коалиција на влијателни држави членки со кои сега управуваат десничарски влади“.
„Како и многу нагласената улога што Луис Алмагро, првиот човек на ОАС, ја имаше во неговите обиди да го смени Николас Мадуро во Венецуела,“ објаснуваат од Интерсепт.