Во развој на настаните кој личи на неинвентивен холивудски римејк на филм од 70-те, претседателот на Боливија мораше да избега од земјата откако тамошната армија „го замоли“ да си даде оставка. За да биде римејкот комплетен, по неговото заминување обидот на домородните Боливијци да се кренат против воениот удар, беше дочекан со палки, солзавец, скршеници и неколку мртви.