„Преместување на финалето од Јужна Америка е најголемиот срам кој сум го видел како фудбалер, како јужноамериканец и како човек кој верува дека спортот може да живее благодарение на страста“, бурно реагираше Дани Алвес, легендарниот бразилски бек на одлуката на КОНМЕБОЛ да го премести епското финале Ривер - Бока во Мадрид.
Замислете колку е болно за навивачите кога на ваквата одлука оправдано реагира дури и еден Бразилец за аргентинските клубови.
Реакција за префрлањето на финалето на Копа Либертадорес во Мадрид имаа и сите јужно-американски весници. Најчитаните: Оle' и Clarin го нарекоа финалето во Мадрид срање и бесмисла а La Nacion изјави дека е апсурд.
***
Во првата половина на ХХ век, јужноамериканските клубови играле само во своите првенства. Одвреме-навреме се забавувале на турнири со еден одигран меч против клубови од други земји.
На пример во Купот Алдао (така го нарекле во често на спонзорот - претседател на Фудбалската федерација на Аргентина), до 1955 година играле меѓу себе шампионите на Аргентина и Уругвај.
Ситуацијата почнала да се менува во 1929 година, кога шефовите на уругвајскиот клуб Насионал - Роберто Еспил и Хозе Бермуде помислиле дека за да се дознае најсилната екипа на континентот треба да се смисли нов голем турнир.
Во 1930-та година идејата ја проширил претседателот на чилеанскиот шампион Коло Коло, Робинсон Алварез Марин но долги години немало никаква реализација.
Дури во 1948-ма Коло Коло решил да создаде, да основа Куп на Јужноамериканските шампиони (Copa Sudamericano de Campeones): првото издание се играло во Сантијаго од 11 февруари до 17 март и го сочинувале 7 клубови. Во Чиле тогаш допатувале: Ривер Плејт, Насионал, Васко да Гама, Депортиво Мунисипал (Перу), Литорал (Боливија) и Емелек (Еквадор).
„Точно е дека Марин го смислил Копа Либертадорес, поточно обратната слика. Но што е поинтересно, овој турнир го забележале во Европа. Главниот уредник на L'Equipe Габриел Ано со голем интерес ги читал репортажите на дописниците од натпреварите во Јужна Америка и скоро самиот напишал дека би било здраво да се создаде европски аналог“.
Таму во Јужна Америка дописник бил новинарот Жак Феран кој во 2005 година дал големо интервју за Globo Esporte и го потврдил влијанието на Коло Коло од Чиле врз современата Лига на шампиони.
За жал, Купот на Јужноамериканските шампиони брзо пропаднал. Турнирот го поддржувал тогашниот претседател на КОНМЕБОЛ Луис Валенсуела со пари и контакти, но перспективата не била светла.
Победата на Васко да Гама во првото и единствено финале ја признаа дури после 50 години! Во 1996-та.
Следен пат ова натпреварување заживеало само после успешното издание на европскиот Куп на шампиони во 1955-та. Генералниот секретар на УЕФА Пјер Делоне решил да организира меч меѓу најдобриот клуб од Европа и Јужна Америка па КОНМБЕОЛ се осмелил одново да се обиде со Копа Либертадорес.
Во 1959 година чиновниците од Јужна Америка се договориле за правилата и принципите на турнирот, но не и со називот.
На почеток имало две варијанти: да се продолжи експолатацијата на Куп на јужноамериканските шампиони или пак да се преименува во Копа Либертадорес (во превод Куп на Ослободителите).
На крај се решиле за второто.
Копа Либертадорес е наречен во чест на ослободителите на Јужна Америка од угнетувачите од Шпанија: Во чест на револуционерите Симон Боливар, Хозе де Сан Мартин, Антонио Сукре, Хозе Артигас и други важни херои за континентот.
Латинска Америка се родила со откритието на Колумбо на првите острови во Карипското море во 1942 година. Во првите 300 години колонизација, тука се доселиле околу 600.000 Шпанци па оттука и доминацијата на шпанскиот јазик.
Првите борби за независност биле извојувани на почетокот на 19 век - од 1810 до 1826-те се водела војна: тогаш се појавиле Мексико, Венецуела, Перу, Аргентина, Чиле, Боливија и другите земји.
Разделбата со Шпанска Америка била значајна етапа во историјата на Јужна Америка па префрлање на најголемиот и најстраствениот меч во Мадрид сериозно навредил многумина. Затоа се појавиле и многу фотографии и мемиња по социјалните мрежи дека се игра Куп на Освојувачи а не на Ослободители:
Copa Conquistadores de América pic.twitter.com/CS5pBTFPXW
— Manoel de Tezanos Pinto (@ManuelDTP) November 29, 2018
Copa conquistadores de América.
— Efren Monge (@efrenmonge) November 29, 2018
Así o más claro @Libertadores 😏 pic.twitter.com/31tI22DkpF
La Copa Conquistadores de América! Vergüenza total, @CONMEBOL son de cuarta! pic.twitter.com/FWF5SZpBqo
— La Sampaoli (@LasampaoliTW) November 29, 2018
Вечерва со почеток од 20:30 во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе играат Ривер и Бока во финалето на Копа Либертадорес. Во самиот центар на Шпанија.