Таг: Венецуела

Што е со офсајд линијата во Венецуела?

На фудбалот дефинитивно му треба ВАР за да го проверува веќе постоечкиот ВАР. Но во Венецуела имаа други маки. Таму нема ВАР технологија, а во второто коло од првата лига се случи линијата да е во офсајд.

Како Америка од невнимателност создаде Оска на избегнување санкции

Од сето она што западните санкции и контрола на извоз требаа да постигнат во потчинување на непријателите на САД за сега само доведе до формирање на паралелна сива економија предводена од Кина, пишува Вол стрит журнал.

Хорор старт врз Меси, најопасен во кариерата

Аргентина победи со 1-3 во Венецуела и успешно го продолжи патот кон Светско 2022 во Катар. Работата им ја олесни еден полу-идиот кој уште во 32’ минута од мечот доби црвен картон поради страшен фаул над Лионел Меси.

Цела Јужна Америка му се смее на голманот на Венецуела

Перу ја совлада Венецуела со 0:1 на гости во Копа Америка, а голманот реагираше како да е крај на светот што примил гол. Па дури и да се подзагрижи човек на реакцијава.

„Заливот на прасенцата“, обидот за заробување претседател

По неколку месеци разговори во јануари 2020 двајца американски воени ветерани и официјално се приклучуваат на вооружената група што има амбиција да го зароби Мадуро. Во март 2020, 20 членови ја напуштаат групата. А потоа работите и се влошуваат.

Обидот за киднапирање на Мадуро бил парада на неспособност

Во обраќање пред нацијата Мадуро објави дека се уапсени двајца Американци, по име Лук Денман и Аиран Бери, кои работеле за американската компанија за безбедност Силверкорп. Мадуро ова го знае затоа што двајцата со себе ги носеле сите документи.

Двајца Американци уапсени за обид за заробување на Мадуро

Најмалку 10 лица од кои двајца се Американци се уапсени по обидот за заробување на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и правење преврат во земјата во корист на Хуан Гуаидо.

А не му е првпат

Се вика Вуилкер Фарињез, има 21 година и брани за репрезентацијата на Венецуела и клубот Милионариос во Колумбија. Фарињез правеше чуда на мечот од Копа Америка против Перу и е најзаслужен за бодот на неговата селекција.

Ова не е репортажа на Вајс за Венецуела

Освен кога ова е репортажа на Вајс за Венецуела.

Војната во прегратка на либералите

Лекцијата што американските интервенционисти ја научија од војната во Ирак е: присвој ја дебатата. Па така, денес сите се за промена на режими, пишува Мат Таиби во Ролинг стоун.

Политички активен Аца Лукас is the best Аца Лукас

Ќе беше смешно што Аца Лукас во борба против глобалните неправди му дава поддршка на Мадуро, ама смешното престана уште кога Димитров се почувствува доволно значајно за да се вмеша и да застане од кај Гуаидо.

Унгарија ги отвори границите за имигранти... од Венецуела

До сега околу 350 мигранти се стигнати од Венецуела во Унгарија, а уште 750 чекаат да се качат на авион од Каракас до Будимпешта.

Кога секоја дебата за интервенциите на САД би била за Годзила

Човек А: Уф, ова во Венецуела ни најмалку не личи на добро.
Човек Б: Да.
Човек А: Сета таа сиромаштија и немири!
Човек Б: Остај, ужасно е.
Човек А: Знаеш што треба да направиме?
Човек Б: Само немој да кажеш дека треба да го пратиме Годзила.

Специјалниот американски пратеник за Венецуела и неговата историја на уништување низ Латинска Америка

Се вика Елиот Абрамс, на позицијата беше именуван минатата недела, а во резиме има повеќе од 30 години разорување низ Јужна Америка, и ова некако не им се допаѓа на новите американски конгресмени.

Коментаториште!

Купот на Јужна Америка за играчи до 20 години се игра во Чиле. На мечот меѓу Венецуела и Бразил (2-0), при водство на првиве од 1-0, 18-годишниот Хан Хуртадо тргнал во брза контра по една украдена топка. Коментаторот на аргентинската телевизија TyC Sports имитираше звуци од формула.

Куп на Ослободители од Шпанија, а финалето се игра во Мадрид

Парадоксот на современиот фудбал отиде до таму да ја искомпритира и најголемата страст на луѓето во Јужна Америка - континент на горди луѓе, убави култури и верни традиции кои долго се бореле за своја слобода од угнетувачите.

Зошто не е добро да си судија во трета лига

Затоа што нема ни ред ни поредок и никој не те штити. Колку и да донесеш погрешна судиска одлука не може некој од играчите да се дрзне и главата да ти ја користи како топка. Да, токму тоа се случи во Венецуела, по што логично судијата не се помрдна од земја. Додуше имаше двајца од тоа желките, ама интервенираа по два века, односно не ни интервенираа.

Мајсторот ја запроси после голот, судијата го благослови со жолт картон

Едуардо Бељо е Венецуалец кој игра во Депортес Антофагаста во првенството на Чиле. На меч против Евертон (2:3) постигнал два гола а за време на прославата на едниот гол се качил на трибините и ја запросил девојка му. Судијата, според правилата му дал жолт картон а гледчите го наградиле со аплауз.

Латинска Америка има своја мигрантска криза

Венецуела веќе не е експрес лонец, туку темпирана бомба која секој момент може да експлодира, проценуваат познавачите. Сè заради некомпемптетното самоволие и лесно ветената галантност на нивниот број еден.

Инфлацијата во Венецуела низ купови пари

Конкретен производ и потребното купче пари за истиот да го набавиш во продавница во Венецуела. До крајот на годината се очекува дека инфлацијата во земјата ќе достигне 1 милион проценти, па од предострожност властите се одлучија наскоро да извадат нова валута на која ќе скратат 5 нули.

Пакет од 0,12 долари би можел да ја спаси власта на Мадуро

Благодарејќи на кутија со храна претстојните претседателски во Венецуела би можеле да завршат во корист на Николас Мадуро.

„Лудиот Макс“ на автопатиштата на Венецуела

По пет години разјарена инфлација и речиси комплетна имплозија на економијата, гладта станува проблем во Венецуела речиси на „африканско ниво“, а народ мора нешто да јаде, па макар и пресретнувал и пљачкосувал шлепери на автопат.

Лудиот Макс - Венецуела

Чопор моторџии, на АПН-ки и веспи, му се сска на шлепер. За кратко време почнуваат да го гаѓаат со бараж молотови коктели. Шлеперот застанува, овие му се нафрлаат ко пирани и почнуваат да го пљачкосуваат. Што товар има шлеперот? Еден од најдефицитарните производи на пазарот - шеќер. П.С. Додека прават чистка во шлеперот, позади нив стои сосема незанимлива цистерна со нафта.

Прво државата да ни пркне па фудбалот

Десетици илјади луѓе веќе еден месец протестираат низ улиците на Венецуела и бараат заминување од власт на претседателот Мадуро. На последните протести имаше околу 40 повредени. На фудбалерите не им е воопшто сеедно за ситуацијата. Се солидаризираа на свој начин.