Таг: Венецуела

Најсмешниот нордиски скијач на сите времиња

На Светското првенство во нордиско скијање во финскиот град Лахти, натпреварувачот Адриан Солано од Венецуела ги изнасмеа сите присутни затоа што делуваше како Чарли Чаплин на скии.

Курсот на валутата на Венецуела зависи од еден човек во Алабама

Пред некој ден пишавме дека инфлацијата во Венецуела до крајот на 2016 се очекува да стигне 720% и дека боливарот има изгубено секаква вредност, па продавниците веќе не ги ни бројат куповите пари, туку ги мерат на вага. Моментално вредноста на боливарот во голем дел зависи од вработен во Хоум депо во Алабама.

Венецуела почна да ги мери парите на кило

До крајот на годината инфлацијата во Венецуела се очекува да стигне до „нема потреба да ги бројам, стави ги парите на вага“ нивoa.

На мечот Венецуела - Бразил настана тотална темница

Секој гостински натпревар за Јужно-американските репрезентации е ризичен затоа што на овој континент фудбалот неретко го гледаат како прашање на живот или смрт. Во една таква ситуација да водиш 0:2 на гости и да снема струја на стадионот не е баш пријатно.

Венецуела: Кутија тестенини 300 долари, и тоа не е најлошото

Не е проблемот само што има стапка на инфлација која се предвидува дека ќе достигне 2.200%, туку и да имаш пари и некако магично да си отпорен на инфлацијата, нема производи за да можеш да ги купиш.

Претседателот кој ги замоли жените да олабават со феновите

"Мислам дека жената изгледа поубаво кога минува со прсти низ мократа коса и дозволува таа природно да се исуши," порача претседателот на Венецуела при што неговата забелешка не е толку естетска колку што е енергетска.

Венецуела на принудна 4-дневна работна недела

По наредба на претседателот на земјата секој петок во април и мај ќе биде неработен ден, како дел од обидите на државата да заштеди струја во кризата настаната од немање доволно вода во резервите на хидро-електричните централи.

Венецуела пред 6000-процентно поскапување на бензинот

Откако две децении литар бензин во Венецуела чини 1 цент (пола денар), сега заради крахот на цената на нафтата земјата се одлучува на покачување по кое цената ќе изнесува 60 центи (околу 33 денари) за литар.

Самба, танго, страст и фудбал - Копа Америка

Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.

Голи водителки за поддршка на Македонија

Влатко Стефановски и Даниел Кајмакоски не помогнаа многу во мотивацијата на нашите фудбалери кои го загубија и овој квалификациски циклус за ЕП 2016. За следниот не е лошо да копираме од Венецуела која ги испрати своите репрезентативци на Копа Америка со следново видео.

Кукавички од зад грб

Агилес Оканто, фудбалер на тимот Карабобо од Венецуела даваше интервју за еден тв канал кога ненадејно доби страшен удар. Сè се случи по мечот Арагва - Карабобо (0-0) во оваа јужно-американска земја.

Венецуелски рулет: да се кондом или не

Покрај недостатокот на пилешко, шеќер, лекови, тоалет хартија и други основни производи, жителите на Венецуела не можат да најдат ни кондоми, а и да ги најдат исто им е, пакет кондоми чини 755 долари.

Венецуела, МекДоналдс и проблемот со помфритот

Централни вести на медиуми блиски до владата, владини функционери и претседателот на Венецуела деновиве се ангажирани во справување со внатрешниот и надворешен непријател - незамисливиот недостаток на помфрит во рестораните на МекДоналдс во земјата.

Цела одбрана ја прати по цигари

Педро Рамирез Замора од Венецуела со иста финта не измами еден или двајца, туку четворица противнички играчи со се голманот.

Краток водич низ немирите во Венецуела

Протестите во Венецуела траат веќе 3 недели ама беа во втор план заради проблемите во Украина. Сега ним им дојде ред да го добијат светското внимание. Се' започна на 5-ти февруари откако една студентка беше сексуално нападната.

Како 10 милиони сапуни требаа да исперат милиони долари

Цела шема за перење пари е откриена само заради тоа што главните ликови ги фатила мрза и одлучиле наместо на ситно, да префрлат милиони долари за купување на 10 милиони парчиња сапун.

Револуција која се рола

Во која тоа земја луѓето се тепаат за тоалетна хартијa, а да не сме ние кога ни се отвора некој нов мол? Диме од Пехчево би рекол: Венецуела е бе, Трендо.

Не е само бело во Колумбија

Венецуела е земјата во која бензинот е многу поевтин од вода, и чини околу 5 центи. До неа е Колумбија, земја во која бензинот чини над 2 долара. Ова не поминува така.

8 цитати од новиот претседател на Венецуела

Иако допрва треба да го "маѓепса" народот и да ја продолжи работата на Чавез,  Николас Мадуро до сега барем го има извежбано давањето изјави кои инстанто ќе го обиколат интернетот. Ова се некои од работите што до сега ги има кажано, пред и за време на изборите.

Перо се обидува да го убие 'Д'

Не, не е некој Перо. и 'Д' не е кодно име за некој Дерек, Драгољуб или Дончо. Перото е она што пишува со мастило, а 'д' е онаа буквата, во случајов латиница.