Човекот е Густаво Диаз, а ваквата позиција се должи на неговиот сајт Долар тудеј, кој се претвори во корисна финансиска алатка за жителите на Венецуела кои се обидуваат да се снајдат во трговијата на црно.
Во Венецуелата, како што е низ цел свет, курсот на боливарот го поставува и објавува владата, и е забрането објавување на неговиот курс на пазарот на црно. Диаз на својот сајт го прави баш ова, го објавува курсот на црно врз основа на уличните цени што жителите на земјата ги плаќаат за храна, лекови, коли и сè останато.
Па така, ако го читаш курсот пропишан од државата, доларот чини 10 боливари. Ако одиш по уличниот курс што го пренесува Долар тудеј, вредноста на доларот е 4.000 боливари.
„Токму оваа информација оформува дневни трансакции во износ од милиони долари, и ги води Венецуелците што продаваат и купуваат на црниот пазар, кој вреди околу 15 милиони долари дневно“, објавува ПРИ.
Како што е редот, сајтот е прилично „јузер-френдли“, па има и калкулатор за посетителите да не се мачат на страна да го пресметуваат курсот. Освен ова, на сајтот се објавуаат и финансиски вести што не може да бидат најдени на државните медиуми во земјата.
Диаз не е само вработен во Хоум депо на кој му текнало да се зафати со пишување против власта во Венецуела. Според ПРИ, тој долго време е дел од опозицијата во земјата, и поранешен армиски офицер што пребегува во САД по еден неуспешен државен удар против Хуго Чавез.