Не ми е јасен трендов на користење на странски зборови, особено кога за истите тие зборови имаме свои, македонски зборови или фрази.
Сфаќам, некои зборови се модерни и не можеме директно да ги преведеме, а некои можеби и глупо би звучеле преведени на буквален начин.
Ама не ми е јасно зошто се користат странски термини за нешто што може да се каже и на нашки???
Најнов пример ми е зборот "булинг" кој дефинитивно не сфаќам зошто се користи кога може перфектно да се објасни и на македонски.
Не сум полиција за граматика и правопис, ама би било добро да размислите два пати пред да го користите овој збор.
Кога некој посилен се изживува со некој помал што не може да се одбрани не се вели "булинг" туку се вели "Процес за започнување на процесот за почеток на скрининг фазата за претпреговори за влез на нашата земја во Европската унија"
Говорете литературно.
Аман, Кирил и Глаголиј во гроб се превртуваат...