Полицијата на Коста Рика упадна во канцелариите на еден локален адвокат (Алваро Моја) и во хотелската соба на еден Венецуелец (Агустин Лион) во потрага по докази за наводната шема за перење пари. Властите биле информирани од локална банка, која го поврзала името на Лион со сомнителна активност.
Откако на сметката на Лион од страна на еден венецуелска државна компанија биле префрлени 9,7 милиони долари за купување на 10 милиони парчиња сапун, по кратко време пристигнале уште 6 милиони долари.
Бидејќи дополнителната готовина пристигнала без објаснување, а Лион инстантно повлекол 1,2 милиони долари, банката веднаш ги замрзнала сметките.
Излезе дека Лион работи како правен застапник за Inversiones Pudong и е генерален менаџер на Stellca Comercializadora, двата венецуелски дистрибутери на производи за чистење (меѓу другите работи).
Полицијата проценува дека тој и Моја, на овој начин имаат испрано над 14,3 милиони долари во периодот од 2007.