Венецуела ги има најголемите потврдени резерви на нафта, членка е на ОПЕК и на извозот на нафта отпаѓаат 95% од приходите од извоз. Заради глобалниот пад на цената на нафтата државата е во сериозна рецесија и нема средства да го покрие увозот на основни производи, заради што во земјата има недостаток на продукти како млеко или тоалетна хартија.
Економистите ладнокрвно го коментираат растот објаснувајќи дека и после поскапувањето од 6.000 проценти, земјата пак го има најевтиниот бензин во светот.
Обидувајќи се да го смири финансискиот пазар, власта одлучи и да го крене официјалниот курс на домашната валута од 6 американски центи на 10 центи за еден боливар. Во комплицираниот финансиски систем во земјата постои и секундарна владина девизна стапка, на која еден боливар чини половина цент (или 0,25 денари).
За сето ова да биде крајно комплицирано има и трет, овој пат нелегален, девизен курс на црно каде еден долар се менува за 1045 боливари. Пред една година, курсот на истиот овој пазар изнесуваше 190 боливари за еден долар.