Николас Мадуро апелираше до жените да престанат да користат фенови за сушење коса, како уште еден од начините кои можат да помогнат во избегнувањето на катастрофата која на земјата ѝ се заканува заради сериозната енергетска криза во која се наоѓа.
А на национално ниво веќе се преземени конкретни мерки (види тука) - петокот им е неработен во следните два месеца, трговските центри работат скратени а со специјална велигденска иницијатива биле спасени спасоносни сантиметри вода во клучната брана која го снабдува главниот град со струја.
"Ако претседателот на ова земја мисли дека ќе помогне тоа што нема да сушиме коса со фен, тогаш оваа држава има поголем проблем отколку што мисли," изјави еден жител на Каракас за Ал Џезеира.
Околу 70 проценти од потребната струја Венецуела ја добива од хидро-централата на браната Гури чие ниво на вода се наоѓа опасно блиску до оперативното ниво.
Опозицијата смета дека единствен начин земјата да се справи земјата е самиот Мадуро, не само петок туку секој ден за себе да го прогласи за неработен.