Се работи за 60-дневен план, во кој се предвидуваат мерки како апел до големите трговски центри и хотелите, да генерираат сопствена електрична енергија по 9 часа на ден. Од тешката индустрија ќе се бара да ја намали својата потрошувачка за 20 проценти.
Планот е проследен со редовни национално-освестувачки пораки до нацијата во кои од семејствата и младите се бара "да се приклучат на планот со дисциплина, со свест, и со екстремна соработка во оваа екстремна ситуација." Под екстремна ситуација се подразбира сушата, за која главен виновник е Ел Нињо.
Пред проектот за неработен петок, Мадуро одлучи да ја "затвори" земјата на цела една седмица за време на велигденските празници.
Со велигденската акција беа заштедени речиси 22 сантиметри вода во браната Гури, која покрива 75% од потрошувачката на струја во Каракас. Ако нивото на водата во оваа брана падне под 240 метри надморска височина, владата ќе мора да ја прекине работата на хидроелектраната заради опасност од оштетување на турбините. Моменталното нивото на вода во браната е 243 метри.
За сега не се знае дали 4-дневната работна недела се однесува и на приватниот сектор.