Патот кој влегува од Венецуела во Колумбија, преку мостот Симон Боливар, е распослан со продавачи на бензин на црно.
Целата работа почнува од Колумбија. Колумбијците влегуваат во Венецуела, каде што на првата бензинска станица (инаку контролирана од една локална паравојска) ги полнат резервоарите со бензин. Од тука се враќаат назад и бензинот им го претураат на уличните продавачи, и потоа повторно влегуваат во Венецуела за уште тура.
Се проценува дека по оваа основа месечно во Колумбија влегуваат речиси 38 милиони литри бензин, а во овој бизнис работат околу 15.000 луѓе.